Пациентка на 58 години останала бремена со тројкa, објави д-р Таше Трпчевски
Д-р Таше Трпчевски објави редок и комплексен медицински случај – тројна бременост кај пациентка на 58-годишна возраст, постигната со ин витро оплодување во Македонија.
„Пациентката беше во менопауза, 5 години. Ние ја вративме менструацијата, го припремивме ендометриумот и со помош на донирани јајни клетки и семенски материјал од нејзиниот маж направивме 3 бластоцисти“, соопшти Трпчевски.
Ултразвучниот преглед потврдил тројна бременост, а пациентката, која е од Србија, е бремена во деветтата гестациска недела.
„Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни“, се вели во објавата.
Станува збор за исклучително редок и комплексен случај кој ќе бара внимателно следење и врвна мултидисциплинарна грижа во текот на целата бременост.
