Падна цената на нафтата
Цените на нафтата паднаа на 99 долари на меѓународните пазари бидејќи трговците стравуваат за побарувачката, чекајќи ја информацијата околу зголемувањето на клучните каматни стапки во еврозоната и во САД.
Пазарите денеска беа преокупирани од веста дека Европската централна банка (ЕЦБ) може да ги зголеми каматните стапки за речиси три четвртини од процентниот поен во септември, и покрај можната рецесија, бидејќи изгледите за инфлацијата се влошуваат, изјавија за Ројтерс неколку извори запознаени со ова прашање.
Извор: slobodenpecat.mk
