ПАКИСТАНЦИ БАРАЛЕ ПО 600 ЕВРА ОД МИГРАНТИ ВО ЛИПКОВСКО ЗА ДА ГИ ОДНЕСАТ ВО СРБИЈА
Пакистанци правеле бизнис во Липковско, пренесувајќи мигранти преку граница со Србија, јавува KumanovoNews.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 25-годишниот M.A. и 26-годишниот A.M., двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека на 18.12.2019 во помошна просторија во село Ваксинце, општина Липково, физички нападнале група мигранти и им барале надоместок за превоз, ноќевање, како и поминување на границата со Република Србија за сума од 600 евра по лице.
По пристигнување на полициски службеници, мигрантите биле преместени во Транзитен центар во село Табановце.

