ПАНЧЕВСКИ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски денеска самиот се пријавил во затворот во Шуто Оризари, откако по него вчера од страна на МВР беше распишана национална потерница, по наредба на Основниот суд во Велес.

Претходно во три наврати полицијата не успеа да го пронајде Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата беше објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Панчевски му одреди 30 дена притвор поради како што посочија отсуство на рочиштето за судскиот предмет „Акмис”, во кој е обвинет.