ВО РУСИЈА РЕЧИСИ 750 ИЛЈАДИ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19

Случаите со коронавирус во изминатите 24 часа во Русија порасна за 6.422 на вкупно 746.369, соопшти денес Центарот за борба против коронавирусот.

loading...

Во Москва се забележани 628 нови случаи на Ковид-19, додека во Санкт Петербург 264. Според наводите на кризниот центар, до сега се излекувале вкупно 532.249 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку во однос на вчера, кога тој број изнесува 175.


loading...