| |

ПАНДЕМИЈАТА СЕ ВЖЕШТУВА, БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОЛНАТ БРЗО

Бројот на активни случаи со коронавирус во земјава се искачи на 4015, болничките капацитети на Инфективната клиника во Скопје се на работ на исполнетост, а во функција е ставена и монтажната болница, јавува Слободен печат.

Викендов од тестираните, дури 23 проценти беа позитивни, што не се случило во земјава од почетокот на пандемијата. Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 1792, во Струмица 267, во Тетово 222, во Кочани 218, во Куманово 176, во Прилеп 170, во Штип 123, во Битола 104.

Болничките капацитети алармантно се полнат. На Инфективната клиника се лекуваат 93 пациенти од кои 53 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле се лекуваат пет деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, а едно дете и една мајка се суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет лица, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се тројца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави