|

Паника во Кина: најмалку седум лица загинаа во лизгање на земјиштето, 75 крокодили избегаа од фарма

Најмалку седум лица загинаа, а три се водат за исчезнати во лизгање на земјиштето предизвикано од невреме придружено со обилни дождови во јужна Кина.

Невремето, исто така, им овозможи на повеќе од 70 крокодили да избегаат од фармата во Маоминг, град во соседната провинција Гуангдонг, а на жителите им беше препорачано да останат дома.

Официјален претставник за итни случаи изјави дека избегале 69 возрасни крокодили и шест младенчиња.

Некои крокодили веќе се фатени, но операцијата за нивно фаќање е тешка поради длабочината на езерото, пренесува Вашингтон пост.

Две лица загинаа во поплавите во Хонг Конг минатата недела.



Слични Објави