Панорама посветена на големиот бугарски актер Апостол Карамитев ќе биде прикажана во софиското кино „Влајкова“.
По повод 100-годишнината од раѓањето на големиот бугарски актер Апостол Карамитев ќе бидат прикажани 8 од најдобрите филмови со негово учество. Филмовите ќе бидат прикажани во софиското кино „Влајкова“.
На 16.10.2023 година (понеделник) во 18:30 часот, во рубриката „БНТ Претставува“, ќе биде емитуван филмот „Апостол – силата на духот“ посветен на големиот актер. Филмот исто така ќе биде прикажан и во кино „Влајкова “. Филмот со многу љубов го направија авторот Момчил Карамитев и режисерот Олег Ковачев.
Панорамата посветена на Апостол Карамитев е поддржана од Дирекцијата за култура на општина Софија. Почетокот на панорамата е на 10 октомври, а дали случајно е избран овој датум и кои филмови ќе бидат прикажани, ќе дознаете од разговорот на Ани Костова од БНР со режисерот, актер и снимател Олег Ковачев на следниот линк.