|

Одбележуваме 85 години од смртта на големиот бугарски историчар и правник од Охрид Георги Стрезов

На 5-ти октомври 1938 г. во Софија умира видниот историчар и правник ГЕОРГИ ЈАНАКИЕВ СТРЕЗОВ. Роден е во Охрид 1864 г. Син е на просветниот деец Јанаки Стрезов и братовчед на Кузман Шапкарев. Завршил Бугарска гимназија во Солун. Предавал во Битола и во Сер. Во 1894 г. завршил право во Женева. Работел по судовите во Пловдив, Варна и Софија. Потоа бил адвокат во Софија. Пишувал етнографски и историски проучвања на македонска тематика. Во 1911 г. е избран за народен представител во Великото народно собрание. Во 1919 г. бил во Швајцарија, каде ги пишува брошурите „Србското разорување“ и „Политичките борби на македонските Бугари“. Бил уредник на Македонскиот научен институт во Софија. Ги издал трудовите „Правата на Бугарските малцинства и Обштеството на Народите“, „Македонските емигранти во Швајцарија низ Светската војна“ и „Охрид“. Оставил oставштина за Македонскиот научен институт во висина од 100 000 лева.

“Историјата на градот низ средните векови до денот на затворањето на Охридската архиепископија е историја на Бугарската црква, на Бугарскиот народ запазен околу патриаршијата на „Прва Јустинијана и на цела Бугарија“. Тоа што преживеало од христијанството, успеало да се спаси од азијатскиот јатаган на турската напаст се притаило и се сплотило околу охридската црква. Пред таа стихија се’ било пометено. Во средината на тие урнатини само Охрид останал светол центар на Христовата вера и на Бугарската просвета. Само охридската црква во продолжение на осум векови останала стража на Бугарскиот народ низ цело тоа време, кога нацијата, тоа било религијата – за Бугарскиот народ, останал под двојно робство крајаголен камен се запазил на народното сознание покрај брегот на Охридското езеро, до 1762 г. за целото словенство до Киев и Варшава.

Не може да се одрече, дека Охридската Бугарска архиепископија била под влијанието на грчката култура преку Византиската и фанариотската патриаршија. Мнозина од охридските црковни началници биле од грчко потекло и насадувале грцизам и грчка култура. Но тие не можеле да го затријат духот на Св. Климент и Св. Наум, покровителите на Охрид. И тие духовници не можеле да скријат, дека се глави на Бугарската црква. Тие не ја прогонувале словенската писменост, богослужбените книги по црквите и манастирите биле во употреба, проповедите се држеле на месното Бугарско наречје; паметта на Св. Седмочисленици и на равноапостолите Св. Кирил и Методи се почитувала и празнувала како на народни светци низ целата епоха на турското робство. Може да се каже, дека Охридската архиепископија представувала смеса на две култури, Византиска и Бугарска, и по тој само пат Бугарскиот дух наоѓал отдушник од смртната турска напаст и грчкото духовно робство низ тие темни времиња. Охридската архиепископија била представник на целиот Бугарски народ и пред надворешниот свет. Единствени главатари на Бугарскиот народ, за такви како представници на Бугарскиот народ, биле признати.

Споменот на цар Самуил и подвизите на Св. Климент и Св. Наум ја подржувале меѓу Бугарите во Охрид верата и надежда, дека ќе дојде ден, кога на нивното духовно и политичко робство ќе има крај. Најмногу преданија и спомени од старото време се среќават во Охрид од споредбено покасната епоха, кога бил седиште на Бугарската патриаршија. Во продолжение на осум векови бил незгаслив факел, расадник на Бугарштината во цела Македонија. Соборниот храм на Св. Климент, Св. Софија, Св. Јован Канео и Св. Наум каде е иконата на Св. Борис, првиот Бугарски цар-христијанин, ктитор на манастирот се свидетели на минатото величие на Бугарската црковна слава. Со полна основа можеме да ја посочиме Охридската патриаршија, како Бугарска Света Гора, расадник на нашата книжнина.

Сите тие пишани и непишани спомени на минатото, сведочат за духовната просвета, која цветала во Охрид под закрилата на Бугарската архиепископија. Последните остатоци на Бугарштината, тлееле покриени под пепелта на минатото, за да пламнат во бујниот пламен на преродбата, кој го обгрнал целиот Бугарски народ.

При тоа осветлување, Охрид се испакнал како средиште на Бугарската култура, лулка на Бугарштината, не само во Македонија. Охридската патриаршија – “Прва Јустинијана и на цела Бугарија“ опстојала низ времето на турската робија како стожер на целиот Бугарски народ. Бугарштината – суштинскиот феникс, кој воскреснал од своето пепелиште, е запазена во звучниот говорен диалект на Варош, Бугарски 100% во старите збориви и форми на израз, во сето богатство на речникот и разнообразие на формите, неизцрпена ризница за Бугарскиот јазик.

Во поново време, при преродбата на Бугарскиот народ, Охрид не останал назад, но застанал на чело и на славната борба за Бугарска црква и за Бугарско училиште. На почетокот на ХIХ век после образувањето на грчкото кралство мнозина младежи, желни за наука, се упатиле да ги довршат науките во Атина. Но за чудо, вместо да се погрчат, од таму се враќат фанатични апостоли на Бугарштината. На чело на тие Бугарчина бил Димитар Миладинов ревносен будител и апостол на Бугарштината. После него иде народниот поет Григор Прличев кој си останал корав и фанатик Бугарин. Во неговата душа закипела љубовта кон својот Бугарски народ, кон својата Бугарска просвета, кон сето Бугарско. Зошто Бугарската книжевност да не го заземе местото што и’ приличи? Зошто Бугарскиот народ да не е на прво место меѓу словенските народи? Тој мечтаел да го види Бугаринот глава на целото словенство, како што било пред 1000 години, да ја продолжи истата културна мисија меѓу целото словенство.

Во охридската епархија во манастирите никогаш не престанало учењето на Бугарското читање и писмо. К. Шапкарев ја печател својата читанка, превод од грчки на народен говор и така постепено биле заменети од почеток Бугарските книги, пишани со грчка азбука. Во 1860 г. во Охрид спонтано самостојно воскресна Бугарската книжнина.“

ОХРИД. ГРАДОТ НА ЖИВИТЕ ПРЕДАНИЈА, 1938 г.



Слични Објави