|

Папата: Војната во Украина не е водена само од интересите на Руската империја

Војната во Украина е водена од интересите на неколку „империи“, не само на Русија, рече во интервју папата Франциско. Франциско додаде дека конфликтот бил мотивиран од „империјални интереси, не само на Руската империја, туку и на империите од другите делови на светот“ .

Папата даде интервју за италијанскиата телевизија РСИ кое треба да се емитува во недела. Извадоци беа објавени во петокот од италијанските дневни весници.

Тој изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател Владимир Путин со цел да повика на мир.

Папата, кој има 86 години и ја одбележува 10-годишнината од неговиот избор на 13 март, исто така рече дека ќе поднесе оставка ако премногу се измори и ја изгуби способноста да раководи со Римокатоличката црква.

Тој минатиот месец рече дека папските оставки треба да се случат само во исклучителни околности.

Неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември минатата година на 95-годишна возраст, стана првиот папа што поднесе оставка по околу 600 години, кога се повлече во 2013 година.

Запрашан што би го навело да ја донесе истата одлука да се откаже, Папата рече: „Замор што те тера да не ги гледаш јасно работите. Недостаток на јасност, недостаток на знаење како да се проценат ситуациите“,пренесе Индекс.хр.

Слични Објави