ПАРТИЈАТА ЗА ОПШТЕСТВЕН И ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК (ПОЕН) ГО ОДДРЖА СВОЕТО IV ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Партијата за општествен и економски напредок (ПОЕН) денеска во хотелот „Арка“ го оддржа своето IV годишно собрание. За време на свечениот дел на настанот свои пригодни обраќања имаа министерот за дијаспора Едмонд Адеми, гостинката од парламентот на Република Косово г-ѓа Емилија Реџепи и претседателот на партијата проф. д-р Рубин Земон. Видео порака до присутните гости и делегати испрати и лидерот на партијата Виножито од Грција, г-нот Павлос Воскопулос. Потсетуваме дека од партијата ПОЕН најавија дека наскоро тие ќе станат членови на Европската слободна алијанса, каде што припаѓа и партијата на Воскопулос- „Виножито“.
Во работниот дел од настанот беше усвоена Програмата и насоките за работа на ПОЕН. Беа избрани и членовите на раководните тела на партијата.
