ЛДП ОДРЖУВА ИЗБОРНО СОБРАНИЕ, ТРОЈЦА КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА
Либерално – демократската партија денеска го одржува седмото изборно собрание, на кое членовите на партијата ќе гласаат за претседател и за генерален секретар на партијата.
За претседателската функција во трка се тројца кандидати, Горан Милевски, кој досега ја извршува оваа функција, неговата колешка од парламентот Никица Корубин, член на извршен одбор на ЛДП Мирко Спирковски, член на централен одбор на партијата.
За функцијата генерален секретар на ЛДП кандидиран е Боби Мојсоски, член на централниот одбор на партијата.
На свечениот дел се обратија претставници од Алијансата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ), од сестринските партии и од либералната интернационала.