| |

„ДРУГАРЧЕТО“ НА ГРУЕВСКИ ГИ ИЗИГНОРИРА НОВИНАРИТЕ КОИ ГО ПРАШУВАА ЗА НЕГОВОТО ПАТУВАЊЕ ДО БУДИМПЕШТА

Александар Трајковски, советникот во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат се појави во јавност по враќањето од Будимпешта, каде што беше фотографиран како го придружува Никола Груевски.  Трајковски ги одмина новинарите кои го прашаа за неговата средба со поранешниот премиер и дали очекува санкции поради тоа што боледувањето што го земал го искористил за патување. Трајковски беше организатор на протестот одржан во заштита на Никола Груевски. 

Трајковски денеска мораше да се појави на судското рочиште за „Насилство во Центар“ и нарачувањето на шамари за Андреј Жерновски, бидејќи во спротивно СЈО предупреди дека ќе бара притвор за вработениот во Царинската управа.

 

 

Видео: Макфакс

Слични Објави