|

ПАРТИСКИОТ ВРВ НА ВМРО, КООРДИНАТОР НА УПАДОТ

Цела партиска машинерија на ВМРО – ДПМНЕ била ставена во функција на 27 април пред две години кога се случи крвавиот упад во Собранието. Истрагата на обвинителството утврдила дека партискиот врв на ВМРО – ДПМНЕ – Никола Груевски, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски ги координирале протестите и насилниот упад во парламентот. Обезбедени биле и пораки кои тие си ги разменувале.

„За цело време течела координација помеѓу нив и градските и месните и општински комитети, каде се давале насоки и било викано членството на масовни протести, а исто така и критичниот ден за влегување, масовност при влегување внатре во Собранието“, рече Вилма Рускоска, Обвинителство за организиран криминал.

Обвинителството за организиран криминал, освен екс-премиерот Груевски, кој е во Унгарија и двајцата поранешни министри во неговата влада, како организатори на упадот ги сомничи и пребеганиот таен агент во Грција, Никола Бошкоски, како и поранешниот спикер на Собранието, Трајко Вељаноски. Истрагата може да се прошири и за други лица кои на 27 април вечерта биле во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ како на пример членови од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов.

„Доколку се обезбедат докази и за други лица истрагата ќе биде проширена и на други лица, тоа се подразбира“, рече Рускоска.

Рускоска не смета дека е грешка на обвинителството тоа што Никола Груевски не беше викнат да даде исказ пред да побегне од земјава.

„Не сметам дека било што со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило…“, додава Рускоска.

Од синоќа во 30 дневен притвор во Шутка се екс-министрите, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски. Осомничениот Трајко Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет и си замина од судот. За азилантот Никола Груевски и пребеганиот агент Никола Бошковски ќе се бара да бидат екстрадирани од Унгарија и Грција.

Освен овие петмина, како организатор на крвавиот упад ќе се гони и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски кој повеќе од два месеца е во притвор.

Извор: АлсатМ



Слични Објави