ПАТУВАЧКИ ЦИРКУС
Добро бе до каде мислите да одите со овај ваш циркус? Освен што со вашите кловнови ги забавувате граѓаните и ги вртите на рингишпил до бескрај ништо друго не видовме. Најновата точка која ја изведовте во собранискиот шатор ви беше крајно излитена… немојте бе мајкому стара и едните и другите толку да ги потценувате граѓаните, овие ваши фори нема да запалат ни кај мајмуните кои повеќе припаѓаат во тој ваш циркус (да не ми замерат здруженијата за заштита на животните и мајмуните како животински род). Толку многу гнасно си поигрувате со трпението и чувствата на граѓаните и ја потценувате нивната интелегенција што ви преминува во хронично заболување… Зарем мислите некого убедите дека се ова не е договор? Зарем обичниот граѓанин знаеше се што се случува кај опозициската коалиција и каков ќе биде епилогот, а тоа замислете неможеа да го насетат нивното раковотство и просто беа скаменети кога го видоа, па какви херојски потези следеа на кои и Чак Норис можи да му позавиди. Неможам да ви опишам колку многу се нажалив кога видов како ги предадоа и колку тие беа тажни и изненадени… а од друга страна па добро избраните херои или уценетите или наградените како сакате наречетеги мува не ги лази… само уште за поинтересно требаше цела опозиција да ја стават по кладилници со одредени коефициенти. Почитувани дами и господа претставници на граѓаните, ако сакавме режисери и сценаристи ќе изгласавме некои други или ќе си увезевме некој од творците на турските серии… по ова што го гледаме подобро би било да си ја пробате среќата со некоја добра сапуница. По ова е повеќе од јасно дека бројчаниците вртат, но во вашите домови, јасен е и резултатот кој следи во правосудството, граѓанското општество, образованието, здравството… добро е што не проработи бројчаникот на триумфална затоа што голем ќе беше минусот за покривање на оние на кои ќе му се простат долговите и пополнувањето на дупките на општинските каси… наместо да го вратите проневереното вие ги почастивте оние кои ги нарекувавте арамии во предизборната кампања. Впрочем зошто ни се инвестиции кога зијанот можи да се дуплира. Нема потреба ни од реализирање на проекти, зошто ни се отварања на работни места кога ги има во изобилие низ Европа, нема ни потреба од менување на добро упатените тендераши и шемаџии доволно е само да ги пренасочат сретствата на друга сметка и… се си е за мерак само што Европа не чека со отворени раце и баш му фали некој таков како вас и вашите вредности кои ги манифестирате… Мои почитувани дами и господа претстаници на граѓаните, по референдумот и овај ваш циркус мислам дека е редно мандатот да го вратите таму од каде што го добивте, но најпрво итака е отворен уставот за промени променетего изборниот модел во една изборна единица и отворени листи. Не за да ќарат помалите партии (тие кои си ги имате како приврзок ви се сигурни и успешно си ги подавате) туку за да видите дали на граѓаните му е смачено од едни те исти личности од кои дел не ги ни слушнавме, не ги ни видовме во народното собрание, а таму беа само како добри послушници и да “скинат некоја банка” од патните трошоци покрај скромната платичка. Не се секирајте можеби повторно ќе ги добиете изборите само што ќе му дадете можност на граѓаните да изберат личност која за нив ќе биде правилната…
Автор : Благојче Трајковски, Член на УК на ГДУ

