| |

ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ: ПОЛИТИЧАРИТЕ НАМЕРНО ОСТАВААТ „ДУПКИ“ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДА ВРАБОТУВААТ СВОИ БЛИСКИ

Од Транспаренси Интернешнл велат дека сите политички субјекти при носењето на законите оставале „дупки“ кои можат да се користат во нивна полза при вработувањата.

Според членот на Антикорупциска, Софка Пејовска-Дојчиновска најмногу непотизам има во здравството бидејќи директорите имаат дискреционо право да одберат кој од кандидатите ќе го вработат. 

Дојчиновска вели дека до ДКСК секојдневно пристигнуваат пријави поврзани со непотизам, но не ја знаеше точната бројка на отворени предмети. Освен дупките во системот, голем проблем е неимплементацијата на законите од страна на институциите.



Слични Објави