Пцовиса жирафата Каспер, која 11 години беше дел од Зоолошката градина во Скопје
Од скопската Зоолошка градина соопштија дека пцовиса жирафата Каспер, која 11 години беше дел од Скопје ЗОО. Како што стои во објавата, жирафата имаше 12 години.
„Со голема тага, неверување и скршени срца ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно нè напушти. Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Скршени им се срцата на сите вработени бидејќи Каспер беше наш омилен. Јавно ќе биде соопштено која е причината за смртта кога ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата, која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет. Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана“, објавија од Зоолошката градина.
Во јануари 2021 година во Зоолошката пцовиса жирафата Тобого и сега во градината остана само жирафата Флопи.
