|

Педофилија или грабеж – можни мотиви; младото момче го влечело телото на убиениот Македонец, тврдат бугарските медиуми

Педофилија или грабеж наводно се можните мотиви за убиството врз Македонецот на Сончев Брег, Бугарија.

Некои од бугарските медиуми јавуваат дека 49-годишниот Македонец Игор побарал од 14-годишното дете да имаат интимни односи, а се споменува и дека можеби станува збор за грабеж.

Според изворите на „Флагман.бг“, името на 14-годишникот е Михаил Г., кој со семејството живеел на Сончев Брег, пренесе „Блиц.бг“.

Тој го нападнал Македонецот со дрвен колец во пределот на главата.

По смртоносните удари, телото го однел во шума во близина на ресторан и го скрил со гранки. Но, полициските службеници многу бргу ги пронашле и трупот и сторителот.

Двајцата, наводно, се сретнале на Сончев Брег по што Македонецот на 14-годишното момче му понудил да имаат сексуални односи, според пишувањата.

Сепак, полицијата сè уште не ја потврди оваа верзија. Тие работат на сите верзии, вклучително и грабеж.

Допрва ќе се утврдува кои биле мотивите на Михаил да го изврши грозоморното злосторство.

Доколку биде прогласен за виновен, 14-годишниот ќе биде во затвор до 5 години бидејќи е малолетник.

Игор со години живеел на Сончев Брег, со пријавен привремен престој во Бугарија.

„Макфакс“ побара од бугарското МВР информации за мотивите, но до овој момент немаме добиено одговор.



Слични Објави