Пеевски: Мицкоски проповеда непријателство против европска Бугарија, нема да останеме рамнодушни
Новоизбраниот премиер на Северна Македонија ја избра конфронтацијата и газењето на европските принципи и од највисоката собраниска говорница најави дека има намера да ја оттргне земјата од нејзиниот евроатлантски пат со зборови кои проповедаат непријателство и омраза кон европска Бугарија. Ова во соопштение објавено на партискиот сајт го вели претседателот на бугарската партија Движење за права и слободи Дељан Пеевски, пренесува 24 часа.
Арогантно декларираното одбивање да се имплементира договорот со Бугарија, со кој се бара и вклучување на Бугарите во Уставот со измени на основниот закон, е грубо кршење на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.
Пред повеќе од еден месец упатив апел до господинот Мицкоски со предупредување да не се обидува да ја користи Бугарија за своите внатрешно-политички цели, сега изјавувам дека како држава нема да останеме рамнодушни на оваа најнова провокација.
Очекувам сите пратеници во бугарскиот парламент и бугарските пратеници во Европскиот парламент, без разлика на нивната партиска припадност, да не ги игнорираат овие претстојни алармантни процеси во нашата соседна земја. Затоа што насоката во која се турка Република Северна Македонија е опасна. Последиците од оваа неодговорност не треба да ги сноси македонскиот народ, туку одговорноста треба да биде на политичарите кои загубиле контакт со реалноста го поткопуваат евроатлантскиот пат на државата.
Не можеме да останеме рамнодушни кога, во критични времиња за Европа и светот, кризата на европските вредности во Северна Македонија се заканува, државата да стане мост за милитантниот национализам, стои во позицијата на Делјан Пеевски прв човек на ДПС.

