ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРЕДЛАГА АЛЕКСАНДАР СПАСОВ ЗА ЧЛЕН НА НС ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Како што наведуваат во соопштението, Кабинетот на претседателот на Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.
Кабинетот на Претседателот на Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.