|

Пендаровски – Mилановиќ: Принципиелна поддршка од Хрватска за македонските евроинтеграции

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е во посета на земјата по повод учеството на неформалениот состанок на лидерите на НАТО-сојузниците од регионот, кој се одржува во Скопје.

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и за состојбите во регионот на Западен Балкан.

Во таа насока беа разменети информации за безбедносните прашања во поширок контекст, како и за руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.

Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста за продлабочување на традиционалното пријателство и јакнење на регионалната соработка и изразија подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во рамките на НАТО.

Пендаровски се заблагодари за принципиелната поддршка од Хрватска за македонските евроинтеграции.

 

Слични Објави