|

Пензионерите на протест побараа минималната пензија да биде 18.000 денари и линеарно покачување

Пензионерите од повеќе градови во државата, денес, по повод Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, излегоа на протест пред Владата.

Говорниците на протестот побараа за 3.500 денари линеарно покачување на сите пензиите, а најниската да не биде помала од 18 илјади денари или оставка на Владата.

На транспарентите пишуваше: „Имаме право на достоинствен живот“, „Линеарно покачување на пензиите“, „Оставка“.

Од Пензионерскиот синдикат претходно објавија дека во некои земји минималната пензија е поставена на 45 отсто од исплатена просечна нето-плата и се залагаат тоа да биде пракса и во нашата држава.

„Сметаме дека измената на член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во согласност со кој усогласувањето на пензиите се прави врз основа на движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 % и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50 % е добра основа за понатамошно усогласување на пензиите“, велат од Пензионерскиот синдикат.



Слични Објави