| |

Перев: Историјата како белетристика

Во РС Македонија се очекуваше дека Вајц како известувач, ќе направи нешто преку кое ќе се надминат недоразбирањата, изјави публицистот Владимир Перев во утринската програма на бугарската телевизија Bulgaria Оn Аir.

,,Тоа беше толкувано на начин што Вајц ќе и помогне на Македонија за да се заглуши гласот на Бугарија и да се отфрлат политичките и историските позиции на бугарската држава”, изјави Перев.

Во однос на историската комисија која стана тема по обидите резултатите од нејзината работа да не бидат клучни за напредокот на РС Македонија кон ЕУ, Перев изјави:

,, Историската комисија треба да работи на начин кој треба да биде документарен и потпрен на историските извори . Македонскиот дел од комисијата историјата ја прифаќа како белетристика. Нешто што е илузија и гледање на историските настани без документарна поткрепа”.



Слични Објави