ДЕНЕСКА СЕ ВАКЦИНИРААТ ЛИЦАТА НА 73 И 74 ГОДИНИ

//

Денеска почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk”, или преку матичните лекари.

Во А1 Арената „Борис Трајковски” во Скопје вчера заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура. Досега се вакцинирани близу 30 000 граѓани.

„ Фреквенцијата на спроведување на вакцинирање е нешто зголемена во изминатите денови и од 700 до 800 вакцинирани дневно, сега има 1000 до 1500 вакцинирани и согласно пријавените термини тоа се спроведува во сите градови“, истакна вчера Филипче.

Тој нагласи дека како ќе доаѓаат вакцини, така ќе се надополнуваат системите. Како што информира, од компанијата „Фајзер” преку директен договор на 19 и 26 април треба да стигнат по 10.000 дози.



Исто така, се очекува и информација од Руската амбасада за дополнителни количини на вакцината „Спутник”, а до крајот на месецов би требало да пристигнат 76.000 дози на „Астразенека”.

Министерот најави дека се очекува од Кина да стигнат 200.000 вакцини, кои ќе бидат распределени по овој систем на вакцинација, што веќе се спроведува ширум државата.

Претходна статија

СПАСОВСКИ: ИМА ДВА НАЧИНА КАКО ВМРО-ДПМНЕ ДОШЛА ДО ПОДАТОЦИТЕ ЗА „ДВОЈНИК“

Следна статија

ШЕКЕРИНСКА И ОСМАНИ НА СОСТАНОК НА НАТО: ОДЛУЧЕНО Е ОД 1 МАЈ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОЈУЗНИЧКИТЕ СИЛИ ОД АВГАНИСТАН

Најново од Вести