ШЕКЕРИНСКА И ОСМАНИ НА СОСТАНОК НА НАТО: ОДЛУЧЕНО Е ОД 1 МАЈ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОЈУЗНИЧКИТЕ СИЛИ ОД АВГАНИСТАН

//

Сојузничките сили на НАТО од 1 мај започнуваат со повлекување од Авганистан. Ова е одлуката на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска.

На состанокот сојузниците посочија дека очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата. Беше реафирмирана силната поддршка за развојот на демократијата, човековите права и зајакнувањето на безбедносните институции на Авганистан.

Земјите-членки на Алијансата се заложија за зајакнување на дипломатските напори за изнаоѓање на политичко решение и успешно завршување на мировниот процес во Авганистан преку внатрешниот инклузивен дијалог во рамките на земјата.

На состанокот министрите го анализираа и новиот развој на настаните во и околу Украина. Беше изразена загриженост за дејствија од страна на Русија, и зголеменето распоредување на воени трупи на границата со Украина.

Беше изразена силна и едногласна поддршка за Украина, како и за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.



Беше потенцирана и поддршката на политичкиот дијалог во рамките на Договорот од Минск, за што ја повикаа Русија да се придржува до начелата на овој договор во насока на деескалација на тензиите и зацврстување на глобалниот мир и безбедност.

Нашата земја учествува во Авганистан од 2002 година. Во рамките на мисиите учествувавме со повеќе од 3.100 лица меѓу кои, штабни офицери и подофицери, ментори, пешадиски единици и медицински персонал.

Во моментов, Северна Македонија во мисијата во Авганистан придонесува со 22 припадници на Армијата.

Претходна статија

ДЕНЕСКА СЕ ВАКЦИНИРААТ ЛИЦАТА НА 73 И 74 ГОДИНИ

Следна статија

БОРИСОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА КАБИНЕТОТ ПРЕД НОВОИЗБРАНИТЕ ПРАТЕНИЦИ

Најново од Вести