|

Одбележуваме 20 години од смртта на писателот и активист на МПО Методи Димов-Габеро

На 4-ти август 2004 г. во Дупница умира писателот и обштественик, активист на МПО во Белгија МЕТОДИ БОРИСОВ ДИМОВ.

Роден е 1938 г. во Битола. Завршил средно образование и фотографија во родниот град. Во 1956 г. ја напушта нелегално Југославија и попаѓа во грчките логори. По интервенцијата на Ванчо Михајлов и со помошта на белгискиот крал наредната година Димов емигрира во Белгија. Таму е сред основачите и активните учесници во Македонската спортско-културна асоцијација „Тодор Александров“. Тој е долгогодишен соработник на весникот „Македонска трибуна“ – печатен орган на Македонската патриотска организација. Соборец е на Асен Аврамов, Љубен Димитров, Методи Чанев, Иван Илчев, Петар Ацев, отец Васил Михајлов, д-р Аспарух Пописаков и др. Работел како новинар во Радио Мадрид. Димов е автор на неколку книги, посветени на националноослободителното движење во Македонија: „Заветот на Илинден“, „Гласот на Вистината“, „Крвавата луна“. Книгата „Габеро“ е посветена на неговиот дедо-илинденец Тодор Димов – Габеро.

Во 1995 г. Методи Димов се враќа во Битола, но е уапсен и екстрадиран од страната на властите во Република Македонија. Умира на 66 годишна возраст.

“1860 г. е значајна за битолските Бугари. Таа година Бугарите побарале од тамошниот грчки митрополит Венедикт да издејствува ферман за изградба на нова црква, во која да се чита на словенски. Венедикт, прогонуван од самите Грци, кои го обвинувале дека го предал грчкиот револуционерен комитет, се согласил со нивното барање. Со тоа тој се обидел да ги привлече на своја страна Бугарите. Турската власт, искористувајќи ги караниците меѓу Грци и Бугари, имала полза во случајот да помогне на Бугарите. Црквата е изградена и осветена 1864 г. со средствата и трудот на Бугарското население. Од почеток службите се ределе прво на бугарски јазик од поп Георче Апостолов од Прилеп, после – на грчки јазик од испратениот грчки свештеник.

Во февруари 1865 г. во еден неделен ден гркоманите го напаѓат во црквата бугарскиот свештеник поп Георче. Во градот имало многу прилепчани дојдени на пазар. Кога научиле за нападот сите дотрчале во црквата и се нафрлиле врз напаѓачите. Станала вистинска борба. Тие успеале не само да ги испадат напаѓачите, но им влеале и респект. Напоредно со борбата за црквата врвело и уредувањето на прашањето за Бугарско училиште.

На 1-ви јануари 1862 г. во маалата „Бела чешма“ е отворено Бугарско училиште. Учител на бугарските деца станва Иван Жинзифов, татко на поетот Рајко Жинзифов. Платата на учителот го осигурувал Бугарскиот еснаф.

Во 1868 г. Вселенската патриаршија го отповикала од Битола владиката Венедикт и на негово место бил испратен друг. По наговор на гркоманите тој подал до битолскиот мутесариф две молби: со едната сакал да ја даде црквата „Св. Недела“ на гркоманите, а во другата ги наклеветил водачите на Бугарското население д-р Мишајков и Димитар Робев дека се „орудие на панславизмот“. Истовремено членови на Бугарскиот еснаф подале контрабарање, подпишано од повеќе од 10 илјади души, во заштита на своите водачи. Владиката го однел тоа спорно прашање до валијата во Солун. Бугарските водачи биле оправдани, а црквата запазена.

На Коледе 1868 г. Бугарите ги изгониле од црквата „Св. Недела“ свештеникот и псалтот – и двајцата гркомани. Наредната година чистобугарската Јенимаала, жителите, го изгониле грчкиот учител и го затвориле училиштето. Ноќта владиката испратил свој ѓакон и неколку гркомани да го скршат клучот и да постават друг клуч. На другиот ден жителите на целата маала, повеќе од 2000 души, се јавиле пред мутесарифот, со барање да им се предаде клучот од училиштето, изградено со нивни труд и пожртвуваност. Самиот мутесариф им го предал клучот.

След тие ожесточени борби меѓу битолските Бугари и гркоманите Бугарите, исполнети со сознание за својата народност и права, не можеле, а и не сакале да ги трпат повеќе грчките малтретирања и интриги. На 26-ти октомври 1869 г. бил празникот на соборната црква „Св. Димитриј“. Бугарите забраниле да се спомне при службата во „Св. Недела“ името на грчкиот владика и патриархот и од тој ден било објавено нивното враќање во крилото на Бугарската самостојна народна црква. На другиот ден била образувана првата Бугарска црковна обштина во Битола. Така воскреснаа традициите на Бугарите во Битола, за да ја примат покасно улогата во културниот, народносниот и политичкиот развој на целото население во западна Македонија.“

ГАБЕРО, Методи Димов

Слични Објави