Перев за БНР Пловдив: Впишувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е реалистичен и очекуван од самите нив процес
,,Не само Бугарите туку и претставници на политичката елита овде ја изразија својата почит кон Гоце Делчев”, изјави за радио Пловдив редовниот колумнист на порталот Трибуна, Владимир Перев.
,,Сите положија венци, имаше изобилство од почит кон Гоце, но сето тоа во една мачна атмосфера несоодветна на ликот и на носителот на една револуција и на борбата за слобода на македонскиот народ и воопшто на Бугарите во Македонија”, изјави Перев.
,,Настанот беше обезбедуван од голем број полицајци со цел одбележувањето не биде нарушено од некои македонски или македонистички хулигани, во името на некој лажен македонски патриотизам”, вели Перев и додава ,, тоа беше најизмачувачко и понижувачко за великанот Гоце Делчев а и за сите нас кои отидовме да се поклониме пред него. “
Во однос на заедничкото чествување на Гоце Делчев Перев е дециден дека во овој момент тоа не може да се случи поради многу причини и проблеми. Тој потсети дека во моментот двајцата претседатели на бугарските клубови ,,Иван Михајлов” од Битола и ,,Цар Борис III” од Охрид се со поткренати обвиненија и додаде дека очекува нови судски процеси и притисок врз одредени новинари.
Перев е дециден дека впишувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е реалистично, бидејќи овде не станува збор само за позицијата на политичката елита во РС Македонија туку и за влијанието на меѓународниот фактор.
,,Овој процес е единствениот кој што се движи и се очекува од Бугарите во РС Македонија”, истакна Перев. Во однос на тоа публицистот е дециден дека основната заслуга е активната улога на бугарското Министерство за надворешни работи, претседателот Румен Радев и работата што се врши на секојдневно ниво од страна на дипломатите и службениците во Амбасадата на Бугарија во РС Македонија.
Во одговор на прашање на водителот на радио емисијата ,,Ден по ден” Емил Костов, за тоа дали имињата на клубовите во Битола и Охрид биле провокативни Перев истакна дека за одредени кругови во Бугарија и за македонската политичка елита Иван Михајлов и Цар Борис III може и да се провокативни ликови од историјата, но за македонските Бугари тие симболизираат нешто сосема друго.
,, Иван Михајлов е симбол на борбата за слобода и права на македонските Бугари а Цар Борис lll е наш ослободител и обединител”, истакнува Перев .
Целото интервју на редовниот колумнист на порталот Трибуна, Владимир Перев можете да го слушнете на следниот линк.

