| | |

ПЕРСЕИДИТЕ ПРИРЕДИЈА СПЕКТАКЛ НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО

Младата августовска месечина изгреа во саботата на 11-ти, и создаде совршени услови за набљудување на небото: темни ноќи без месечина за да може убаво да се проследи кулминацијата на метеорскиот дожд што го прават Персеидите. Всушност, 2018 година е одлична за набљудување на овие метеори.

Покрај тоа, Земјата синоќа околу 21 часот мина низ најгустиот дел од метеорскиот дожд.

Низ цела Македонија синоќа па се до рано изутринава имаше идеални услови за набљудување на оваа појава: во организација на бројни групи на социјалните мрежи или во споствена режија, луѓето замининуваа подалеку од рефлрктирачката светлина на градовите, а некои дури и со шатпри и вреќи за спиење под ведо небо уживаа во метеорскиот дожд.

Персеидите повеќе не се најголемата годишна појава на метеорски дождови, постепено оваа улога ја преземаат Геминидите кои можеме да ги погледнеме секоја година во декември. Сепак, лете небото е многу почисто и Персеидите многу поубаво можат да се забележат, а и временсите услови се поприкладни за неколкучасовно демнење на отворено.

Персеидите не се ѕвезди што паѓаат од нивните фиксни положби на небото. Тие се парчиња кои се откачуваат од кометата Свифт-Татл секој пат кога поминува покрај сонцето. Метеори можете да видите која било вечер, но поголемиот дел од метеорите што се гледаат на небото од средината на август ѝ припаѓаат на групата Персеиди.

Кометата Свифт-Татл беше откриена летото 1862 година од страна на Луис Свифт, аматерски астроном од Њујорк и Хорас Татл, професионален астроном од Опсерваторијата на колеџот Харвард. Кометата има орбитален период од околу 130 години и последен пат беше видена во декември 1992 година. Се очекува повторно да се види во август 2126 година.

Комета стотици пати има заобиколено околу Сонцето оставајќи појас „вселенски шут“ зад себе. Бидејќи орбитите на Земјата и Комета Свифт-Татл речиси се совпаднаа во средината на август, Земјата минува токму низ него. Дури минуваме низ овој појас, делови од кометата и ѕвездена прашина навлегуваат низ горниот слој на атмосферата со брзина од 60 километри во секунда. Од триењето со атмосферата овие честички произведуваат блескава трага од јонизиран гас, а нам ни личат на „ѕвезда што паѓа.“

 

Слични Објави