|

Пет лица со корона починаа, 252 нови случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10, Прилеп – 8, Тетово – 7, Гостивар и Кичево – по 5, Штип, Кочани и Демир Хисар – по 4, Струга, Гевгелија, Делчево и Виница – по 3, Струмица, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка и Богданци – по 2, Пробиштип, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (252), регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 426 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Охрид – 25, Битола – 24, Куманово – 18, Кавадарци – 15, Велес – 14, Штип и Кочани – по 13, Прилеп – 12, Гевгелија и Струмица – по 11, Струга – 10, Тетово, Гостивар и Крива Паланка – по 8, Кратово – 5, Кичево и Неготино – по 4, Делчево, Виница, Ресен и Берово – по 3, Радовиш, Дебар и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови. Починати се во период од 18.08. до 24.08.2022 година.

Направени се 867 тестови: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-21, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-16, Биотек-16, Систина-21, лабораторија Лаор-2, Синлаб-4, Ремедика-5, Плодност-5, Генеа-0, Никоб Лаб-12, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-1, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 354.

Досега во земјата се направени вкупно 2.147.514 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.492, бројот на оздравени пациенти е 327.780, на починати е 9.473, а бројот на активни случаи изнесува 2.239.



Слични Објави