ПЕТАР КОЛЕВ: НЕНОРМАЛНО И НЕМОРАЛНО Е СОВЕТНИЦИТЕ НА ЗАЕВ ДА ЗЕМААТ 2 ПАТИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ОД ТИЕ НА УЧИТЕЛИТЕ

„Долгот не го создадоа учителите и вработените во администрацијата, туку вработените по рамковен договор, кои си седат дома, не работат ништо а земаат плата. Долгот е факт и заради нерентабилните инвестиции посебно во проектот Скопје 2014. Колкав тим советници има Владата, тие земаат двојно повеќе од учителите. Платите на учителите се под секаква критика, инфлацијата ќе ги „изеде“ најавените 10% како покачување на нивните плати“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев во емисијата „168 Анализи и коментари“ на штипската телевизија ТВ Стар.