Петровска: РСМ по три децении стана полноправна членка на Алијансата и тоа во клучен момент за европската безбедност
Министерката за одбрана Славјанка Петровска попладнево во Лондон имала средба со британскиот специјален претставник за Западен Балкан, сер Стјуард Пич со кого разговарала за моменталната безбедносна состојба во Европа.
– Северна Македонија, по три децении стана полноправна членка на Алијансата и тоа во клучен момент за европската безбедност. Фактот дека нашата земја речиси две години е сојузник во НАТО е една од најважните алатки за одржување на безбедноста и стабилноста во регионот. Балканот, а особено Западниот Балкан е стабилен и мирен и тоа останува наша заложба, истакнала Петровска.
Во однос на инвазијата на Руската Федерација врз Украина, Петровска порачала дека воените дејствија мора итно да запрат и дека Украина ја има целосната поддршка од нашата земја.

