Пирло: Јувентус има добри шанси да оди до крајот, Рома е изненадување

/

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло зборува за шансите на клубовите од својата земја во Лига на шампиони оваа сезона.

Италија има два представника во елиминационата фаза во најелитното европско клубско натпреварување, а тоа се Јувентус и Рома. Единствениот италијански клуб кој не успеа да се пласира во осминафиналето е Наполи.

Пирло смета дека Јувентус има силен тим кој може да оди до крајот, додека Рома според него е пријатно изненадување.

„Јувентус без дилеми е многу силен, а тоа го покажа претходните три сезони кога играше две финалиња. Тие имаа силен тим и оваа сезона и имаат добра шанса да одат до самиот крај во ЛШ.“



„Рома за мене е изненадување. Ја освои групата во која многу и предвидуваа испаѓање. Сега тоа е нивно да одат што подалеку.“ – изјави Пирло.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

ШАМАР ЗА РЕАЛ: Ги одби „Кралевите“ за да остане во тимот кој се наоѓа на средината на табелата

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Зоран Заев за само три недели Република Македонија ја задолжи за 600 милиони евра

Најново од Вести