Пловдив ќе им оддаде почит на хероите од Илинденско-преображенското востание
Во Пловдив на 2 август, во 10 часот, свечено ќе биде одбележан споменот на хероите загинати во Илинденско-Преображенското востание, кое започнало на истиот датум во 1903 година, јавува локалниот весник Марица.
Церемонијата ќе се одржи пред споменикот на Бугарите од Источна и Западна Тракија и Егејска Македонија, загинати во националноослободителните борби и војните за Бугарија. Споменикот се наоѓа во реонот „Јужен“, во градината покрај старите хали.
Водител на настанот ќе биде Златко Павлов, а свечен говор ќе одржи доц. д-р Милен Михов, претседател на Македонскиот научен институт и професор по нова бугарска историја на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново.
На настанот, организиран од Општина Пловдив како дел од културниот календар на градот, ќе учествуваат воен дувачки оркестар, почесна гарда и припадници на Заедничката команда за специјални операции, како и членови на комитетот „Родољубие“ и Националното друштво „Традиција“. Со минута молк ќе им биде оддадена почит на учесниците во востанието, а ќе бидат поднесени и венци и свежо цвеќе на споменикот.

