По 30 години Бугарија со екипна титула на Светското првенство во ритмичка гимнастика во Валенсиja
Натпреварувачките од Бугарија ја освоија екипната титула на 40. Светско првенство во ритмичка гимнастика што се одржува во шпанскиот град Валенсија. Така, тимот повторно го зема златото по пауза од 30 години.
Борјана Калеjн, Стилијана Николова и Ева Брезалиева, кои ја претставуваа Бугарија во поединечна конкуренција и ансамблот – жени во состав Женина Трашлиева, Софија Иванова, Камелија Петрова, Рејчел Стојанов и Радина Томова го достигнаа светскиот врв со вкупно 330.150 поени. На второто место се најде германскиот тим со 326.350 бодови, а на третото Италија со 323.850 бодови.