По 53 години „во притвор“ излегува книгата „Левски“ напишана во комунистичкиот затвор од Георги Заркин
На 1 февруари, прогласен за Ден на национална почит кон жртвите на комунизмот, во катедралата на Католичката црква до централните хали во Софија ,се одржа промоцијата на книгата „Апостолот“. Книгата е посветена на Васил Левски, а нејзин автор е борецот против комунизмот Георги Заркин, убиен во затворот во Пазарџик.
„Левски“ е трагедија во пет чина, во стихотворна форма, напишана пред 53 години во ќелиите на Старозагорскиот затвор, под засилен строг режим. Денеска ова книжевно дело на Заркин за првпат беше промовирано благодарение на Католичката црква која го спонзорира и самото издавање на книгата, изјави за Faktor.bg синот на творецот Лачезар Заркин.
„Левски“ е напишана ракописно во 1970 година и опфаќа три тетратки со голем формат. „Семејството ги доби тетратките како пратка од татко ми. Поминале низ затворското обезбедување затоа што сметале дека не претставуваат никаква опасност за комунистичката држава. Ги чувавме со години, а денес сум задоволен што делото конечно може да се претстави пред бугарската јавност, коментира Лачезар Заркин.