| |

По долго боледување почина долгогодишниот бугарски дипломат Милен Љуцканов, поранешен генерален конзул на Бугарија во Њујорк

Вчера по долго боледување почина бугарскиот дипломат Милен Љуцканов. Љуцканов е дипломат од кариерата со долгогодишно искуство бо бугарското МНР.

Роден е во Карнобат на 22 ноември 1958 година. Дипломирал во германската јазична гимназија во Бургас а потоа студирал Меѓународни односи во Софија и меѓународно право во Москва . Кариерата во МНР ја започнува во Дирекцијата ,, Државен протокол”. Бил главен специјалист по политички и регионални прашања за регионот Западна Европа и Северна Америка.

Два пати бил заменик министер за надворешни работи во Бугарија, во периодот 2009-2010 и во 2019 година. Од 2013-2018 година е Генерален конзул на Бугарија во Њујорк. Бил исто така и полномоштен министер на Бугарија во постојаното претставителство на НАТО во Брисел.

Тимот на порталот „Трибуна“ изразува сочувство на блиските на дипломатот Милен Љуцканов.

Слични Објави