ПО ПРЕСТРЕЛКАТА КАЈ О.К. КОРАЛ

Сѐ уште се свежи имресиите од пресметката помеѓу Брзиот Стиви (не дека којзнае колку брзо пука, туку…) и Џоџа четири пиштоли (ЗБУНЕТАТА СОВА – индијанско име)… секоја чест за сите нивни вештини кои ги покажаа и се разбира не смеат да се заборават емотивните обраќања, културно-уметничките и спортските настани за време и на крајот на престрелката. Задоволни лица на сите страни, се јадеше, се пиеше по салоните, бесплатна тура за граѓаните (ќе ја платат подоцна се разбира) и се така до зори. Најранобуден беше шерифот кој така задоволен се разбуди и во знак на добра волја ги отвори решетките за оние кои беа зад нив (не баш сите), да се радуваат на љубовта која се осеќа во воздухот…

Претставата добро помина, кечерски и прецизно, сите среќни и весели уживаа во заедничката изведба и се разбира незаборавна е пируетата на крајот на онај тивкиот со ковчезите без кој претставата ни под разно немаше да биде комплетна и успешна. Очекувам втор чин во кој ќе се појави заменик-шерифот во заминување кој редовно беше „зашуткан” од сите страни и да ги доотвори решетките. Морам да признам дека често беше навредуван од голем дел од нас, но во ова лудило кога ќе погледнеме околу нас, тој за крај остава достоинствен впечаток по огромниот притисок и терет на грбот, па можеби на крај да биде и херој. Не дека одговорност за своите дела не треба да сноси секој, но задоволување на правдата значи еднакво право за секого. Зошто решетките се тргаат за коњокрадците, за оние кои нарачале и започнале неред во салонот, а не за оние кои учествувале во истиот?! Знеме која беше казната за коњокрадците, но ако се добри коњите подобро е да се поделат со шерифот, а исто и парите од понудената награда за бараните…

Добро бе друштво зарем мислите дека сте успешни што до крајот на денот се тресевте за вашиот „успех” и без џокерот „повикај пријател” немаше да го поминете прагот? Која ќе биде цената на таа услуга? Толку ли беше наивен „предизикувачот” и демек влезе во борбата без скенирање и пресметки, со надеж дека публиката ќе навива за него и ќе има помош од џокерот-пријател? Зарем мислите дека оние петсто-шесто илјади граѓани кои ја следеа вашата претстава сите ви веруваат? Не заборавајте дека меѓу нив имаше дел со платени влезници, дел донесени со присилби и уцени… Се разбира има и еден дел кој имаат искрени и чесни намери да видат нешто реално и убаво во својата претстава, па и да учествуваат и придонесат за неа, а тоа не значи дека ви веруваат. Толку ли е силата на вашиот заеднички успех? Ајде и по таа цена направете промена на изборниот модел, прифатете отворени листи и една изборна едница, или сепак имате математички прецизни пресметки и добро знаете колку од граѓаните ви „веруваат” и упорно ќе си ги организирате добро познатите претстави каде што докажано сте успешни.

Автор: Благојче Трајковски