ПОЧИНА 41 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ КОЈ 40 ДЕНА СЕ ЛЕКУВАЛ НА ИНФЕКТИВНА, ВКУПНО 4 НОВИ СМРТНИ СЛУЧАЕВИ ОД КОРОНА
Во изминатите 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19, од направени 512 тестирања, со што бројот на активни случаи во моментов во земјата изнесува 381. Оздравени се 16 пациенти, а починати се четири лица, информира денеска Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.
Во ГОБ „8 септември“ починала пациентка од Скопје (65) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.