ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ЕГИПЕТСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ХОСНИ МУБАРАК

/

Во 91-вата година од животот почина поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак. BBC јавува дека Мубарак починал во болница во Каиро.

Мубарак беше претседател на Египет помеѓу 1981 и 2011 година, но поднесе оставка како резултат на протестите на Арапската пролет, кои избија во оваа земја во 2011 година.

На Мубарак му е дијагностициран рак на желудникот во 2011 година, набрзо откако ја поднесе оставката од функцијата претседател. Неговото здравје дополнително се влошило кога, како што се известува, претрпел срцев удар откако е осуден за наводно нарачување убиство на демонстранти. За сите обвинувања е ослободен во 2017 година.

Претходна статија

ПОПЛАДНЕ И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ МАРШИРА ЗА ПРАВДА

Следна статија

ВО ХРВАТСКА ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

Најново од Вести