ВО ХРВАТСКА ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска.

„Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за инфективни болести во Загреб“, потврди премиерот Андреј Пленковиќ.

Хоспитализираниот маж е изолиран и е во добра состојба, појаснил Пленковиќ.

„Човекот покажува послаби симптоми и се надеваме дека така ќе остане. Сконцентрирани сме на контактите кои заразениот ги остварил откако се ватил во Хрватска и ќе постапиме со нив на адекватен начин. Не очекуваме компликации“ изјави министерот за здравство, Вили Берош.

Министерот Берош додал дека се работи за повратник од Италија, кој таму престојувал од 19 дои 21 февруари.

Во меѓувреме, има информации и за деветмина Хрвати хоспитализирани по нивното пристигнување од Италија. Нивните резултатите од тестирањето се уште се чекаат.

Извор: Макфакс