ЛИЦЕТО ШТО ДОПАТУВАЛО ВО СКОПЈЕ ОД ДУБАИ НЕМА КОРОНА ВИРУС

//

Грип, а не коронавирус има патникот кој во Скопје допатувал од Дубаи, покажале тестовите направени на Клиниката за инфективни болести. За ова денеска информира министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Скопско ехо.

-Вториот случај што го тестиравме за коронавирус е негативен. Станува збор за патник кој шест дена престојувал во Дубаи и има инфлуенца тип Б, рече Филипче.

Синоќа на Инфективната клиника беше примен и италијански државјанин кој се пожалил на стомачни проблеми, но тестовите за коронавирус и кај него беа негативни.



Министертот Филипче ги потенцира препораките на Владата да не се патува во Италија и да се придржува до превентивните мерки.

Претходна статија

ВО ХРВАТСКА ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

Следна статија

ФОТО: ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЈАВАТ ГРАЃАНИТЕ ДОКОЛКУ ИМААТ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС

Најново од Вести