| |

Quo vadis, Bulgaria?

Пишува: Владимир Перев

На познавачите на делото на Ванчо Mихајлов и на оние поупатените во историјата на Македонската патриотическа/политическа организација (МПО) насловот им е познат до болка. Тоа е книгата на Ванчо Михајлов издадена од Централниот комитет на МПО и печатена во печатницата на нивниот орган “Македонска Трибуна“-Индијанаполис, во јануари 1937 година. Тоа е само неполни три годин по Звенарскиот преврат во Бугарија од 19-ти мај 1934 година со кој се стави крајот на историското ВМРО во Бугарија. Тоа беше и крајот на вмровскиот револуционерен период. Од таа дата, па сѐ до денес, ВМРО без разлика каде се наоѓа и какви предикти носи, останува и опстојува единствено како организација на политички компромиси.

Објавувањето на книгата прeдизвикува вистински политички земјотрес. Објавена е само на англиски јазик, па властите во Софија сметале дека зад издавачот на ЦК на МПО, де факто стои анонимно, како автор, македонскиот/бугарскиот интелектуалец и професор по историја, Крис Анастасов, автор на познатата Anastasoff, Christ. The Tragic Peninsula: A history of the Macedonian Movement for Independence since 1878. St Louis, Blackwell Wielandy Co., 1938.…. Ова книга никогаш не е преведена ниту во Македонија, ниту во Бугарија, а сепак, нема некој позначаен новинар, публицист или разузнавач, кој се занимавал со македонско-бугарско-српските/југословенските односи, да не ја прочитал или навел како литература.

Книгата Quo vadis..дури во новото време е преведена на бугарски од публицистот Спас Ташев и така е достапна до нашата јавност. Звенарските, просоветски/проруски и просрпски власти во Софија не можеле да сфатат дека автор може да биде Михајлов, кој во тоа време е во емиграција во Полска.

Само неколку обични извадоци од книгата на Михајлов, ќе ни го објаснат гневот на софиските одродени бугари од своето племе, гневот кој сосема незаслужено е уперен кон проф. Анастасов:

Всеки изминат ден ни убеждава по-дълбоко, че превратът от 19 май 1934 г. в България, бе инспириран от Белград. Част от офицерството от българската армия, което взе участие в тоя преврат, независимо от добрите му намарения, не съзнаваше чии интереси застъпва. Превратът бе посрещнат с най-голяма радост в Белград. Наскоро след звенарското престъпление сръбският в.  “Пладне”, издаван на български в София, помести голям портрет на Коста Тодоров, който веднага напусна Белград и пристигна в столицата на България. Колкото и горчива да е истината, тя трябва да се каже: духовният баща на 19 май бе шпионинът К. Тодоров, а чрез него сръбският генерален щаб и сръбското външно министерство… 19 май (1934 год. Б.м.) разстрои българската държава. Той посегна жестоко и върху македонското освободително движение в България…Поради съществуващата цензура там и голямото сръбско влияние понастоящем, македонската емиграция в България не може да изнесе всички издевателства върху нея и целия национален позор, който се извърши на 19 май 1934 г. Дано настоящата брошура проникне широко сред българското гражданство и селячество, за да разкъса една част от черното було, което покрива и умовете на голяма част от свободните българи“.

Ова е само дел од воведот во “Qu Vadis, Bulgaria“…вовед во кој и самиот автор се прашува, “на каде тргнала Бугарија“.

Превратот од 19-ти мај 1934 година е извршен од воено-политичката организација “Звено“, но директни те извршители се неколкумина одроденици од бугарската национална кауза и противници на ВМРО. Носител на превратот е лукавиот полугрк и агент на НКВД Кимон Георгиев, вечниот министер во царската и комунистичката Бугарија, српскиот шпион Коста Тодоров и офицерот-српски платеник Дамјан Велчев. Во своите спомени Коста Тодоров отворено пишува како српскиот крал Александар Караѓеорѓевиќ го гледал како крал на народите од Јесенице до Варна, а сите тројца имале желба да го сметнат од власт цар Борис трети, да го натераат да абдицира и на некаков начин, да ја приклучат Бугарија кон српската круна. Плановите им пропаднале по атентатот во Марсеј, но и заради внимателноста на Сталин и неговиот страв од стварање на толку голема држава зад неговиот грб. Иако превратот е антидинастички, вистинската жртва е ВМРО на Иван Михајлов. Жртва е македонското ослободително дело, олицетворено, во тоа време, само низ михајловистичката ВМРО.

Од 1934 година до денес, низ делови од бугарскиот печат и во изјавите на некои бугарски интелектуалци, дали намерно или со неразбирање на состојбите, се говори за “македонските убиства“, за некакви “македонски насилија“ и за Иван Михајлов како “недемократски“ ориентиран лидер.

Никој не сме да заборави дека тоа се само географски “македонски“ убиства. Тоа се убиства бугарски, меѓусебни убиства на членовите на ВМРО, најбугарската организација во историјата на Македонија и Бугарија. Тоа се убиства на бугари врз бугари, не заради некакви меѓунационални недоразбирања, туку само заради различниот идеолошки пристап кон делото на националното ослободување на бугарскиот народ од Вардарско и Егејот. Просоветската, комитерновска, платеничка и предавничка ВМРО (Обединена) доаѓа покасно, по растурањето на вистинската ВМРО на Иван Михајлов. Таа ВМРО (об) е “кукавичино јајце“, антибугарско и антимакедонско, снесено во пазувите на македонската револуционерна борба…почеток на разбивањето на бугарското/македонското револуционерно ткиво.

И деновиве некакви слични ветрови дуваат од кај Софија. Отворањето на Бугарските клубови во Македонија, предизвикува разбирлив отпор овде, но нејасни се позициите на некои софиски интелектуалци. Потребата од “снишаване“ на тонот на Софија кон Скопје е само илузија која ќе ги потхранува нереалните скопски желби, засновани и зацементирани со стогодишната српска/југословенска окупација на Македонија. Изјавите на бугарскиот президент Румен Радев, на министерките Захариева и Генчовска, како и “францускиот предлог“ кој е официјален став на ЕС, треба да бидат линијата од која никој во Софија нема да отстапи. Наивно и детски звучат предлозите, дека бугарските клубови во Македонија треба да носат имиња како “Мост”, “Братство”, “Пробуждане”….“Братя Миладинови”. Наводно, како начин да се амортизираат напрегањата во историските поимања на личностите од нашата заедничка историја. Такво нешто нема! Македонските бугари се бореле и жртвувале под борбените флагови на Фердинад и Борис, а цели генерации се воспитувани во духот на михајловизмот, како единствено можен начин за борба и слобода. Да не заборавиме, во Скопје има гимназија со името на “Георги Димитров“, подарок од бугарската држава по земјотресот во 1963 година, па некој нешто нека каже за тоа, што тоа име и таа гимназија направиле за односите меѓу двете земји и народи да се подобрат. Напротив!

Погоре споменатиот Крис Анастасов исто така имал илузија дека може да ги подобри односите меѓу МПО и Бугарија. Заедно со Крис Низамов, ја осетиле Бугарија и биле примени од Георги Кулишев, председател на Бугарскиот Парламент, и ред други бугарски јавни личности. На враќање од Софија кон Чикаго, слетале во Рим на средба со Иван Михајлов. За средбата нема запис. Иван Лебамов, во едно од нашите целоноќни дружења ми кажуваше дека на средбата говорел само Михајлов а тие молчеле. Со солзи на очи му кажувале на Лебамов, дека по кажаното од Михајлов, посакале од срам да им “падне авионот во Атлантикот“ и никогаш да не си дојдат дома. Така Михајлов се справувал со соработниците (па макар и евентуални и со добри намери) на комунизмот.

Македонските бугари се во најголем дел следбеници, малубројни остатоци на михајловизмот овде. Тие никогаш нема да дозволат некој да им кажува за ролјата на Ванчо Михајлов и самите го бараат своето место во македонскиот уставен и правен систем. И, да се нема никакви илузии, никој овде нема да им дозволи на бугарските власти да вршат некакви “конституционни“ измени во бугарскиот правен систем. Ние не сме ниту монета за поткусурување, ниту ценност која треба да се разменува. Тоа се само некакви илузии на некои од македонските раководители кои поставуваат илузорни “услови“ за реципроцитет на Софија. За таа работа не решава Софија. Времето на кимонгеоргиевци, дамјанвелчевци и костатодоровци е одамна минало. Ова е ново време, сега решаваме ние, македонските бугари…добро е тоа де се знае! Не смее да ни се случи некој одново да пишува Quo vadis…

Слични Објави