Министерството за одбрана објави оглас за вработување на 125 професионални војници
Министерството за одбрана на својата веб-страница го објави огласот за прием на 125 професионални војници во АРМ, што вчера го најави министерката Радмила Шекеринска. Таа додаде дека е предвидено вработување на 375 нови професионални војници кои треба да го зајакнат составот на Армијата. Избраните кандидатите ќе склучат договор за работа во времетраење од три години. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни; да имаат посебна здравствена и физичка способност; да имаат завршено средно образование; да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

