Приватните превозници пред Град Скопје бараат средба со градоначалничката Арсовска

/

По вчерашната одлука за штрајк на приватните превозници во градскиот превоз во Скопје, денеска нивни претставници се упатуваат пред Град Скопје со барање за прием од градоначалничката Данела Арсовска.

Доколку не биде постигнат договор, најавуваат приватните превозници, во наредните денови ќе има блокади на неколку сообраќајници во Скопје.

-Почитувани ве известуваме дека приватните превозници од вчера во попладневните часови одлучија да стапат во штрајк. Со оглед дека на вчерашното барање на директорот на Слобода Превоз за средба со градоначалничката Данела Арсовска до сега не е одговорено, што им беше предмалку кажано, голем број од приватните превозници од пред просториите на Слобода Превоз се упатија (и веќе се) пред Градското Собрание каде ќе побараат прием кај градоначалничката, информираат од „Слобода Превоз“.



Од „Слобода Превоз“ најавуваат дека и во иднина ќе продолжат да ја известуваат јавноста за случувањата иако, како што нагласуваат, според своите позиции и овластувања не се јавува како организатор и не може да учествува во штрајкот кој е во ингеренции на приватните превозници како директно засегната страна. Но, додаваат од „Слобода превоз“, ќе прават напори за изнаоѓање на правилно и прифатливо решение во дадената ситуација.

Претходна статија

Бесими: Бордот на ММФ го одобри ПЛЛ, со тоа и првата транша oд 110 милиони евра

Следна статија

За 30 дена продолжен куќниот притвор на напаѓачот на новинарската екипа на ТВ 24

Најново од Вести