Почина познатиот бугарски режисер и автор на документарни филмови Константин Чак’ров
Ноќеска нè напушти мојот драг пријател Константин Чак’ров, режисерот на „Час по Бугарија“, претходно и на емисијата за историја и култура на ТВЦ – Благоевград, „Памет бугарска“ на БНТ, „Сите Бугари заедно“ на СКАТ, автор на повеќе од 200 документарни филмови. Со овие зборови бугарскиот историчар проф. д-р Пламен Павлов преку социјалната мрежа Facebook ја соопшти тажната вест за кончината на познатиот бугарски телевизиски режисер и автор на документарни филмови Константин Чак’ров.
„Исклучително талентиран, вистински ерудит и пред сè чесен Човек (со голема буква), искрено посветен и верен пријател… Бог да те прости, Коста, многу, многу ќе ми недостасуваш! Не само на твоите најблиски, туку и на многу други луѓе…“, напиша проф. д-р Павлов во постот посветен на неговиот пријател и колега.
