|

Почна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

Почнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица“.

„’ЕСМ дистрибуција на топлина’ ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок“, велат од ЕСМ во своето соопштение.

Од таму додаваат дека почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејства на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании.

„И покрај опожарувањето на мостот ‘Беласица’, во следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа“, додаваат од ЕСМ.



Слични Објави