|

ПОЧНА ТЕСТИРАЊЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШТИПСКИТЕ ГРАДИНКИ

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип од утринава земаат брисеви на 91 вработен во клоновите на градинката „Вера Циривири-Трена”, јавува Канал 5.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена”, Софка Атанасова очекува во наредните два до три дена да добијат, како што вели, негативни резултати од тестирањето.

Првичните анкети покажаа дека околу 3.200 деца ќе се вратат во градинка. Оваа анкета беше направена во мај, а сега по настанатата ситуација не знам дали овој број ќе остане, вели Атанасова.

Таа истакна дека имаат најава оти по завршување на скринингот во сите градинки во земјава очекуваат и насоки како ќе се работи во нив. Родителите за март треба да платат 745 денари, додека за април и мај треба да одлучи Советот на Општина Штип.

Според неа, препораките за работа со децата не се толку поразлични од она што претходно и го работеле.



Слични Објави