ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ДВАЈЦА ТЕТОВЦИ КОИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ИЗВРШАТ ОБЉУБА НА МАЛОЛЕТНИЧКА

Вчера малолетничка од тетовско село заедно со нејзниот татко пријавила во СВР Тетово дека две машки лица физички ја малтретирале, ја допирале по телото и се обиделе да извршат обљуба.

Според пријавеното настанот се случил на 9 јуни, вторник околу 23 часот. Двајцата пријавени вчера околу 15 часот се лишени од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Двете машки лица се на возраст од 21 и 25 години и се од истото место на живеење со малолетничката.

loading...