ПЕНДАРОВСКИ УТРЕ ЌЕ СООПШТИ ЗА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА И ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ЗА ИЗБОРИТЕ

Претседателот на државата Стево Пендаровски утре во претпладневни часови ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите.

Од Кабинетот на претседателот за МИА посочуваат дека тој во утрешното обраќање ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија во јавноста, а се однесуваат на состојбата во земјата поврзано со кризата со коронавирусот односно дали ќе има седница на Советот за безбедност и нова вонредата состојба, што исто така се поврзува со одржување на предвремените парламентарни избори.

Нема одговор дали ќе има лидерска средба за датумот за избори и се упатува на утрешното обраќање на Пендаровски, по кое треба да биде појасно како ќе функционира државата во иднина и кои чекори ќе бидат преземени и од страна на владејачките СДСМ и ДУИ, и од опозцијата. Засега нема консензус за датум за парламентарни избори.

loading...