| |

Почнува одбележувањето на 149-та годишнина од Шипченската епопеја

Во бугарскиот град Габрово почнува националното одбележување на 149-та годишнина од борбите на врвот Шипка за време на Руско-Турската ослободителна војна (1877-1878) познати како Шипченската епопеја, под покровителство на претседателката на Бугарија Илијана Јотова, јавува БНТ.

Вечерва на плоштадот „Преродба“ ќе настапи Репрезентативниот ансамбл на Вооружените сили на Бугарија, а централната свеченост ќе се одржи утре 22 август, кај Споменикот на слободата на врвот Шипка.

Повеќе од 400 членови на Националното друштво „Традиција“ ќе ги реконструираат историските борби. Споменикот ќе биде отворен за посетители по завршувањето на официјалната програма.



Слични Објави